WVP mFunds

WVP Funds

WVP mFunds app icon
0.0 starsFree
4+Version 1.0.1Updated 7/31/2026, 10:38:34 PM
Open in Store

WVP mFunds е мобилна апликација наменета за физички и правни лица, корисници на инвестициските фондови под управување на ВФП Фонд Менаџмент. Мобилната апликација има за цел да овозможи лесен, брз и едноставен пристап до информации поврзани со инвестициските фондови и инвестициите на корисниците. Преку апликацијата, корисниците ќе можат да ги следат своите инвестиции, да ја прегледуваат моменталната состојба на инвестираните удели, да имаат увид во историјата на извршени трансакции, да следат новости и информации поврзани со фондовите, како и да користат инвестициски калкулатор за симулација на различни типови на инвестиции. Основните функционалности во оваа верзија на мобилната апликација вклучуваат: Најава во мобилната апликација; Преглед на моменталната состојба на инвестираните удели во соодветниот фонд; Преглед на историја на извршени трансакции; Пристап до информации за инвестициските фондови; Користење на инвестициски калкулатор за симулација на инвестиции; Новости поврзани со инвестициските фондови. Корисниците можат да се најават во мобилната апликација со своето корисничко име и лозинка. По успешната регистрација/активација на профилот, корисникот креира личен 4-цифрен ПИН код за користење на апликацијата. Понатаму, пристапот до апликацијата се обезбедува преку внесување на 4-цифрениот ПИН код, Face ID или преку внесување на корисничкото име и лозинка.

Developer website
https://www.wvpfondovi.mk
Released
2026-07-27T07:00:00Z
Current version
1.0.1

Screenshots

WVP mFunds screenshot 1WVP mFunds screenshot 2WVP mFunds screenshot 3WVP mFunds screenshot 4WVP mFunds screenshot 5WVP mFunds screenshot 6